
По освојувањето на шампионската титула, Вардар продолжува со активностите околу формирањето на тимот за новата сезона. Во рамките на кадровските промени, клубот потврди дека завршува соработката со голманот Ведран Ќосевски и напаѓачот Михаил Талевски.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Двајцата фудбалери и клубот постигнале заеднички договор за раскин на договорите, по што ќе ја продолжат кариерата во нови средини.
Ќосевски во редовите на Вардар пристигна од Струга, а во својата кариера има настапувано и за иранскиот Естегал, како и за босанските Вележ Мостар и Железничар.
Талевски, пак, на „црвено-црниот“ тим му се приклучи минатата година од Пелистер. Претходно го носеше дресот на Работнички, а беше дел и од вториот состав на хрватски Осијек.
Еден од неговите највпечатливи настапи во дресот на Вардар беше финалето на Купот на Македонија минатата сезона, кога со два постигнати гола беше меѓу најзаслужните за победата од 2:0 и освојувањето на трофејот.