Дома Фудбал Букајо Сака: Сакам да испишам историја во Арсенал

Букајо Сака: Сакам да испишам историја во Арсенал

Навивачите на Арсенал ќе очекуваат одлично издание од Букајо Сака во финалето на Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен во сабота вечер. Англискиот репрезентативец увери дека е доволно мотивиран да помогне за првата титула на клубот од турнирот. Еве што изјави Сака на средбата со медиумите во Будимпешта:

Расположение пред финалето
Мислам дека сме доволно мотивирани за претстојниот натпревар. Ја познаваме историјата на клубот. Можеме да ја испишеме историјата како фудбалерите кои за првпат ќе ја освојат Лига на шампионите, и тоа е доволно за нас. Започнав во Арсенал како 7-годишен. Веќе имам титула во Англија, а во сабота можам да ја освојам и Лигата на шампионите. Сакам да ја преработам историјата на клубот кој го сакам.

Дали има притисок?
Не размислувам премногу за тоа [притисокот], тоа е мојот начин. Се фокусирам на моментот, уживам во него и оставам сè во Божјите раце.

Горди шампиони на Англија
Многу нешта ми минуваат низ умот. Порано бевме многу далеку од нивото на кое сме сега. Нашата мисија беше да го вратиме Арсенал таму каде што веруваме дека му е местото. Горд сум што денес можеме да седиме овде како шампиони на Премиер лигата. Патот беше долг, имаше и разочарувања по него, но сè беше вредно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Потресно признание на млад фудбалер: „Таа беше љубовта на мојот живот, не сакам да продолжам со животот…“

Младиот фудбалер на Ајакс, Марк Веркајл, за прв пат јавно проговори за најголемата трагеди…