Дома Фудбал Килијан Мбапе испиша историја во Лигата на шампионите: Пред него е само Меси

Килијан Мбапе испиша историја во Лигата на шампионите: Пред него е само Меси

Напаѓaчот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, го испиша своето име во историјата на УЕФА Лигата на шампиони како втор најмлад играч кој достигнал 60 голови во најелитното фудбалско натпреварување на Европа.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


На овој извонреден француски репрезентативец му беа потребни само 89 натпревари за да го оствари овој подвиг и тоа го направи на возраст од 26 години и 284 дена.

Пред Мбапе се наоѓа само Лионел Меси. Аргентинецот го постигна истиот резултат на возраст од 26 години и 86 дена.

Кристијано Роналдо е трет на оваа листа. Португалецот до 60 гола стигнал на 29 години и 21 ден.

Екипата на Чаби Алонсо, по поразот во мадридското дерби од Атлетико (5:2), целиот свој гнев го истури на Кајрат Алмати, обезбедувајќи победа со 5:0 во Казахстан.

Во моментот, Мбапе е шести најдобар стрелец во историјата на Лигата на шампиони со 54 голови. Во дресот на Монако постигнал 42, а за Реал на 16 натпревари има 12 погодоци.

Ерлинг Халанд исто така постави значаен рекорд, бидејќи на 49 натпревари веќе постигна 50 голови. Ако продолжи со ова темпо, би можел да го надмине и Меси на оваа листа. Халанд е на 25 години, роден е на 21.07.2000 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Силекс и Шкендија ќе играат во финалето од Купот на Македонија!

Силекс обезбеди пласман во финалето од Купот на Македонија, откако на домашен терен во Кра…