Дома Фудбал Нови проблеми за Флик: Се повреди уште еден фудбалер на Барселона

Нови проблеми за Флик: Се повреди уште еден фудбалер на Барселона

Играчот на средината на теренот на Барселона и шпанската репрезентација, Пабло Гави, продолжува да се соочува со проблеми со неговото колено.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Тој го пропушти натпреварот против Рајо Ваљекано поради болка и оток на коленото што претходно го повреди и поради кое беше надвор од терените речиси година дена.

Лекарите на Барса се во голема грижа, особено бидејќи Гави сеуште не е во состојба да направи целосни лекарски прегледи поради отокот.

Младиот фудбалер е изоставен од списокот на селекторот на Шпанија, Луис Де Ла Фуенте, и ќе го пропушти следниот натпревар со Валенсија за викендот.

Ханси Флик е веќе соочен со потешкотии во средниот ред, бидејќи Фермин Лопез и Дани Олмо не се во добра форма за почетокот на сезоната, додека Марк Касадо не ги исполни очекувањата на гостувањето кај Леванте.

Да потсетиме, полесна повреда за време на оваа пауза имаше и Ламин Јамал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нагелсман сака да го врати Нојер во репрезентацијата, но утрово доби ужасни вести од Минхен

Нојер пред две години се повлече од германската репрезентација по Европското првенство и м…