Дома Фудбал Во Барселона изненадени од одлука на главниот судија, Педри излезе пред камери и ја вознемири Шпанија: Не сакам да молчам!

Во Барселона изненадени од одлука на главниот судија, Педри излезе пред камери и ја вознемири Шпанија: Не сакам да молчам!

Леванте и Барселона одиграа неверојатен меч вчеравечер во второто коло на Ла Лига, а Каталонците по спектакуларен пресврт на крајот победија со 3:2. Но повторно многу полемики предизвика судењето и одредени одлуки, па Педри реши да излезе пред камерите и со изјавата да ја вознемири шпанската јавност.

Леванте се врати во најсилната лига на шпанскиот фудбал и покажа дека гостувањето на нивниот стадион повторно ќе биде ноќна мора за сите клубови.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Овој тим беше пред сензација затоа што против Барселона водеше со 2:0 по првото полувреме, но Каталонците успеаја да постигнат неверојатен пресврт и да победат со 3:2.

Леванте поведе во 15-тата минута со мајсторскиот гол на Ромеро, а предноста ја удвоија домаќините во седмата минута во додаденото време на првиот дел со гол од пенал на искусниот Хозе Моралес.

Токму она што се случи пред вториот гол на домаќините предизвика огромна полемика, но и незадоволство во Барса каде што сметаат дека се оштетени и дека на домашниот тим не требало да му биде досуден пенал.

Судијата Ернандез Ернандез по прегледување на ВАР снимката додели пенал бидејќи топката го погоди Балде во рака. Гостите мислеа дека од тоа нема ништо бидејќи раката беше покрај телото, но и бидејќи идентична ситуација во минатогодишниот Ел Класико беше оценета како чиста.

По натпреварот се осврна и Педри кој изрази огромно незадоволство за сè што се случуваше, и порача дека не му е јасно како тоа е пенал, кога Фудбалската федерација на Шпанија пред неколку дена на судиите им воведе ново правило токму за вакви ситуации.

„Буквално пред неколку дена претставниците на RFEF ни одржаа предавање за новите правила во оваа сезона и нагласија дека особено внимание ќе се посвети на пеналите кои ќе се свират поради играње со рака во сопствениот шеснаесетник. Нам минатата сезона не ни беше досуден пенал на Ел Класико кога топката на Чуамени случајно ја погоди во испружената рака која беше во неприродна положба”, вели Педри и продолжува.

„Меѓутоа, судијата вечерва му додели пенал на Леванте откако топката ја погоди Балде во раката која беше покрај телото, во природна положба. За мене ова не е пенал, особено имајќи ги предвид новите правила за кои ни зборуваа. Изгледа дека е бесполезно да зборуваме, бидејќи ќе биде само онака како што ќе реши главниот судија. Искуствено, искрено, ништо не ми е јасно и мислам дека сите очекуваме објаснување што се случува, едноставно нема да молчам, не можам тоа да го сторам”.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Родителите од Шкупи кои тепаа деца во Штип само ги заштитувале своите?!

По реакциите на Брегалница, МВР и Фудбалската Федерација во Македонија за скандалот кој се…