Дома Фудбал Мбапе поднесе тужба против ПСЖ

Мбапе поднесе тужба против ПСЖ

КИЛИЈАН МБАПЕ поднесе правна тужба против Пари Сен Жермен, обвинувајќи го клубот за „морално злоставување“, што беше потврдено од страна на обвинителството во Париз. Мбапе, кој летото поминатата година се приклучи на Реал Мадрид како слободен играч, тврди дека ПСЖ му должи 55 милиони евра во неплатени плати.

Мбапе е незадоволен од начинот на кој беше третиран од ПСЖ, особено кога беше изоставен од тимот пред почетокот на сезоната 2023-24. Неговата одлука да не го продолжи договорот со клубот предизвика несогласувања.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Во текот на седумте години во ПСЖ, Мбапе постигна рекордни 256 гола, но односите со клубот завршија во напнати околности поради неговата одлука да не го продолжи договорот во 2023 година. Во јуни 2023 година, тој го изненади ПСЖ со објавувањето дека нема да ја искористи опцијата за продолжување на договорот за уште една сезона, со што договорот премина во последната година.

Оваа одлука го стави ПСЖ во позиција да сакаат да го продадат за да избегнат негово заминување следната година без надомест. Поради таквата одлука, Мбапе беше изоставен од предсезонската турнеја во Јапонија и Јужна Кореја, а тренираше надвор од првиот тим.

ПСЖ тогаш сакаше да го продаде Мбапе наместо да му дозволи да замине бесплатно следната година, но тој ја одби понудата на Ал Хилал, кој нудеше дури 300 милиони евра за трансферот. Потоа, по преговори со клубот, беше вратен во тимот и повторно се приклучи на составот за почетокот на сезоната, но на крај замина без отштета во Реал.

Правниот тим на Мбапе во април 2024 година најави дека ќе преземе правни мерки против ПСЖ поради малтретирањето, тврдејќи дека условите во кои се наоѓал во текот на летото 2023 година биле непримерни и дискриминирачки.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Навивач втрча на теренот и се упати кон Модриќ: Сакаше да направи само една работа (Видео)

Сега веќе легендарниот Лука Модриќ ги игра своите последни натпревари во дресот на Реал Ма…