Дома Фудбал Останато Адеми: Денес во кафуле барам пред мене да го отвараат сокот!

Адеми: Денес во кафуле барам пред мене да го отвараат сокот!

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми повторно игра фудбал и тоа е најважно во целата афера за наводното земање на допинг.

Адеми падна на допинг тестот по мечот со Арсенал во 2015 година, иако не знаел дека има недозволни супстанции во крвта.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


УЕФА го суспендираше на четири години, па после жалбата казната му беше намелена на две години, по што Адеми конечно се врати на терените.

„Се сеќавам дека лежев со цимерот во собата, додека бевме на подготовки со репрезентацијата, кога ми рекоа дека треба итно да се јавам на претседателот на федерацијата и кај селекторот. Не ни сонував дека може да биде толку лоша веста. Мислев дека е во прашање некој трансфер или понуда која стигнала за мене. Кога ми рекоа дека сум паднал на допинг контрола, не ни можев да претпоставам што ќе значи тоа за мене“, раскажува Адеми.

„Морам да признаам дека имам трауми од тоа. Се сомневав во сите. Во семејството, во пријателите… Мислев дека некој сакал нешто да ми подметне. Затоа сега се плашам од се. Кога ќе нарачам сок во кафуле, барам да го отворат пред мене. Можеби сум малку повеќе претпазлив, но се надевам дека се ќе помине со тек на време“, октива Адеми за хрватските медиуми.

„Најмногу ме убиваше тоа што морав на сите да им докажувам дека сум невин. Нормално дека се сомневаа, но најважно е што имав огромна поддршка од клубот и од луѓето околу мене. Во текот на овие две години постојано тренирав. Играв тенис, некогаш и по шест-седум часа на ден. тренирав и кик-бокс. Морав да останам во форма. Сега сето тоа е зад мене и пресреќен сум што повторно можам да играм фудбал“, додаде македонскиот репрезентативец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Анчелоти може да добие отказ, Реал има спремна замена

Позицијата на Карло Анчелоти во Реал Мадрид веќе не е толку сигурна и Италијанецот може да…