Дома Фудбал Алесандро Неста имал кошмари по финалето со Ливерпул

Алесандро Неста имал кошмари по финалето со Ливерпул

Италијанската легенда Алесандро Неста раскажа интересни моменти од својата кариера. Поранешниот дефанзивец на Лацио и Милан моментално е тренер на Монца, каде што се врати по краток период, во кој беше отпуштен во декември минатата година. Неста даде обемно интервју со својот поранешен соиграч Лука Тони.

“Во годината кога преминав во Милан, Реал Мадрид беше заинтересиран за мене, но одбив да појдам, бидејќи сакав да останам во Лацио. Потоа, Милан се јави, а Лацио се распаѓаше. Првите четири месеци беа ужасни. Имав проблеми да се дистанцирам од Рим. Кога се освестив каде сум, засукав ракави. Во првата сезона на “Сан Сиро” освоивме Лигата на шампионите и Купот на Италија”, раскажа Неста.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Тој исто така раскажа за двата последователни финалиња во Лига на шампиони против Ливерпул. Во Истанбул во 2003 година, Милан водеше со 3:0 на полувремето, но загуби по пенали. Две години подоцна “росонерите” победија со 2:1.

“Не е точно дека славевме во соблекувалната на полувремето. Некој идиот од другиот тим го кажа тоа, не му го знам ни името. Всушност, беше доста напнато, знаевме дека ни претстои уште долг пат. Стивен Џерард го држеше Ливерпул во игра. Тој беше вистинско животно тогаш, беше секаде на теренот. По натпреварот никој не прозборе во соблекувалната, никој не се осмели. Отидовме на вечера со семејствата и владееше потполна тишина. Целото лето потоа се будев и си мислев како тоа не може навистина да се случило.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мојс „плачеше“ по поразот: Разликата помеѓу нас и Челси? Милијарда фунти

Фудбалерите на Евертон вчера беа поразени од Челси во Лондон со резултат 2:0 во 16-тото ко…