Дома Фудбал Англија Имаат ли малку срам!? – Лестер го повикувал Раниери!?

Имаат ли малку срам!? – Лестер го повикувал Раниери!?

Интересна вест пренесуваат денес италијанските медиуми, станува збор за Клаудио Раниери и Лестер.

Како што пренесува „Кориере Дело Спорт“, претседателот на англискиот клуб го повикал човекот кој на Лестер му ја донесе сензационалната титула во Премиер лигата да се врати во клубот и да го замени Крег Шекспир кој доби отказ, иначе негов поранешен помошник.

Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓


Секако, што друго можеа да очекуваат, Италијанецот без размислување ја одбил нивната понуда, па потоа за нов тренер на англискиот клуб беше назначен Клод Пуел.

„Не, благодарам“, гласел краткиот одговор на Раниери.

Да потсетиме, Италијанецот со Лестер ја направи можеби и најголемата сензација во историјата на фудбалот, откако пред две сезони со „лисиците“ ја освои титулата во Премиер лигата.

Раниери во овој момент го предводи Нант во француското првенство.

claudio ranieri

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Алиоски не погоди на празен гол, Белгија брзо казни! (ВИДЕО)

Селекцијата на Белгија прва стигна до водство во на натпреварот во Скопје и тоа откако Елм…