Дома Фудбал Педри конечно одговори: Дојди кај мене дома и ќе видиш каков сум

Педри конечно одговори: Дојди кај мене дома и ќе видиш каков сум

Фудбалерот на Барселона, Педри, реагираше на обвинувањата за наводно нередовниот начин на живот и склоноста кон ноќните излегувања.

Некои го обвинија Педри дека живее бурен живот и често излегува во клубови навечер, па затоа реши да одговори.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Кога имате многу повреди, тоа ве погодува психички. Критиките секогаш доаѓаат и почнуваат да зборуваат нешта како, ‘Одиш на забави, не се грижиш за себе’, и така натаму”, рече Педри, па додаде:

„Сè што тогаш посакувате е да играте фудбал. Кога тоа не можете, тогаш е премногу тешко“.

„Ако некој сака, нека дојде кај мене дома и нека го помине целиот ден со мене, но ќе му биде многу досадно затоа што јас не излегувам никаде. А тоа би било многу поинаку од она што мислат за мене. Кога лажат, сè што можете е да работите и да молчите”, порача шпанскиот репрезентативец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Изненадување: Интер ја следи ситуацијата околу Онана

Раководството на Интер внимателно го следи развојот на ситуацијата со голманот на Манчесте…