Дома Фудбал Олмо за првпат откри зошто ја одбил Хрватска: Никогаш не ми било жал

Олмо за првпат откри зошто ја одбил Хрватска: Никогаш не ми било жал

Шпанскиот фудбалер Дани Олмо зборуваше за неговиот период во тимот на Динамо, како и за можноста да добие државјанство на Хрватска.

Фудбалската федерација на Хрватска му понуди на Олмо во 2017 година да игра за таа репрезентација.

Битки за за титули и Лига на Шампиони во Премиер Лига, Серија А и Ла Лига ↓↓↓


Олмо на крајот тоа го одби, а во дресот на Динамо играше цели пет и пол сезони, сѐ до 2020 година кога за 34 милиони евра беше продаден на Лајпциг. 

“Играв за Динамо и во 2017 ме повикаа од Хрватската фудбалска федерација. Ми понудија државјанство и можност да играм за Хрватска. Посакуваа да настапувам за нив на СП 2018. Понудата од Хрватска тогаш значеше и понуда што носеше повеќе сигурност за мојата иднина. Но, јас сум Шпанец и секогаш сум се чувствувал така. Знаев и дека ќе ја добијам можноста да играм за сениорската репрезентација на Шпанија,” вели фудбалерот на Барселона и додава:

“Бев многу среќен кога видов дека Хрватска стигна до финалето на СП 2018, но во ниту еден момент не зажалив што го одбив повикот на Хрватска, ниту пак помислив дека сум направил погрешен избор. Тогаш играв за младинската репрезентација на Шпанија и ми беше желба да заиграм за сениорите.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер Јунајтед и Наполи спремаат голема трампа

Со летниот трансфер период на повидок, Манчестер Јунајтед е фокусиран на зајакнување на св…