Дома Фудбал Слот направи шест измени против Саутемптон, но еве зошто Ливерпул нема да биде казнет

Слот направи шест измени против Саутемптон, но еве зошто Ливерпул нема да биде казнет

Фудбалерите на Ливерпул во 28-то коло на англиската Премиер лига ја победија Саутемптон по пресврт, резултатот беше 3:1 за домашните.

Сепак, меѓу навивачите владееше загриженост дали Ливерпул ќе изгуби бодови бидејќи направија шест измени на овој натпревар, иако според правилата дозволени се пет.

Може ли Манчестер Јунајтед против "ослабениот" Арсенал!? ↓↓↓


Имено, Арне Слот, кој го следеше овој натпревар од трибините поради црвениот картон против Евертон, направи три измени по првите 45 минути и ги внесе Ендру Робертсон, Харви Елиот и Алексис Макаклистер на местото на Костас Цимикас, Куртис Џонс и Доминик Собослаи.

Потоа го внесе Диого Жота на местото на Дарвин Нуњез, а многу брзо потоа и Ватару Енда, кој го замени Рајан Гравенберч.

Навивачите на Ливерпул мислеа дека Слот ги направи сите измени, но беа изненадени кога една минута пред крајот видоа како Јарел Квансах влегува во игра на местото на Трент Александер-Арнолд.

Тоа го забележа и Мохамед Салах кој веднаш реагираше и според тврдењата на новинарот Давид Линч, очајнички се обиде да го спречи влегувањето на дефанзивецот на Ливерпул во игра.

Египќанецот стравуваше од можноста за одземање на бодови бидејќи Ливерпул веќе направи пет измени, но главниот судија на натпреварот Луис Смит му соопшти дека сè е направено согласно правилата.

За што станува збор?

Имено, во 19-тата минута на натпреварот дефанзивецот на Саутемптон Јан Беднарек мораше да го напушти теренот, а на негово место влезе Армел Бела-Кочап.

Беднарек претрпе повреда на главата, а согласно протоколот на англиската Премиер лига при повреди на главата, двата тима имаат право на дополнителна замена, така што наместо регуларните пет измени, можат да направат уште една повеќе.

Така, Ливерпул направи шест измени и покрај тоа што нивниот играч не претрпе никаква повреда на главата, па нема да се соочат со можноста за одземање на бодови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Погба одбил трансфер во Русија, мисли дека уште може да игра на врвно ниво

Се чинеше дека неговата кариера е завршена кога беше суспендиран на четири години поради н…