
Фудбалерите на Барселона вечерва го пречекуваат Атлетико Мадрид во првиот полуфинален натпревар од Купот на кралот.
Најважната вест денеска за каталонците е дека Ламин Јамал е добар, тој во понеделникот го прескокна тренингот само од претпазливост, бидејќи доби силен удар во палецот на ногата за време на гостувањето кај Лас Палмас.
Предизвик за нутриционист: Која храна е поздрава!? ↓↓↓
Изворите велат дека Јамал сигурно ќе биде стартер и дека Ханси Флик сака со најсилниот состав да го нападне Атлетико Мадрид и така да се реваншира за поразот во декември.
Да потсетиме, Барса го надмина Атлетико и водеше 1:0 во првиот лигашки дуел, но гостите на некој начин успеаа да го свртат резултатот преку Де Пол, па потоа и Сарлот во последните секунди.
Флик ќе ги врати во почетната постава Френки де Јонг, Роналд Араухо и Иниго Мартинез, кои одмараа против Лас Палмас, додека заслужен одмор би можел да добие Пау Кубарси.
Потенцијалниот состав на Барса вечерва ќе биде следниот:
Шченсни, Кунде, Араухо, Иниго, Балде, Де Јонг, Педри, Олмо/Гави, Јамал, Рафинха, Левандовски.
Натпреварот Барса – Атлетико е закажан во 21:30 часот.