Дома Фудбал Нејмар се врати: Приреди мало шоу во шеснаесетникот, па го постигна првиот гол по враќањето (Видео)

Нејмар се врати: Приреди мало шоу во шеснаесетникот, па го постигна првиот гол по враќањето (Видео)

Сантос синоќа пред своите навивачи со 3:1 ја победи Агуа Санта во 10-то коло на бразилската Паулиста, а главна тема беше Нејмар кој го постигна својот прв гол по враќањето во матичниот клуб и тоа го направи од белата точка.

Нејмар по кратката авантура во Саудиска Арабија каде беше член на Ал Хилал во изминатите година и пол одлучи да се врати во Бразил и се покажа дека таа одлука беше полн погодок.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Нејмар успеа во синоќешниот натпревар да го постигне својот прв гол откако се врати во Сантос, а тоа го направи во 14-тата минута од белата точка за 1:0.

Токму Нејмар беше тој кој по одлична акција и дриблинг избори пенал за својот тим и одлучи да ја превземе одговорноста, и го постигна голот за водство на Сантос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Атлетико Мадрид потпиша со трансферна мета на Милан

Атлетико Мадрид не престанува да го обновува својот состав. Летната селекција на „јорганџи…