Дома Топ вести Потсетија на Зидан и Матераци: Фудбалер на Мајорка удри соиграч со глава (Видео)

Потсетија на Зидан и Матераци: Фудбалер на Мајорка удри соиграч со глава (Видео)

По три последователни лигашки натпревари без победа, фудбалерите на Барселона вчера со 5:1 славеа на гостувањето против Мајорка.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Ако ги гледаме само натпреварите во шпанското првенство, ова беше прва победа на Барса после еден месец. За прекин на негативната серија на Барселона најзаслужен беше двојниот стрелец Рафинња, додека по еден гол постигнаа Феран Торес, Френки де Јонг и Пау Виктор. Единствениот гол за домашната екипа го постигна Ведат Муричи.

Особено лош во вчерашниот натпревар беше левиот бек на Мајорка, Хохан Мојика, со оценка 5.1 на „Sofascore“ најслабиот играч на натпреварот. Погреши при првиот гол на Барселона, а целокупниот натпревар имаше проблеми против Ламин Јамал, кого го сопре непрописно во казнениот простор, што Рафинја го искористи за гол од пенал за 2:1 во 56-тата минута.

Пред изведувањето на тој пенал беше снимен моментот заради кој Мојика особено се обвинува. Во налет на бес, тој му пријде на соиграчот Ману Морланес и го удри со глава.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Во Сити заработува милиони, а вчера ја шокираше јавноста кога видоа каков телефон носи

Манчестер Сити во финалето на ФА Купот кое се играше на Вембли успеа да го победи Челси со…