Majорка вчера го изненади Реал Мадрид, а Барселона тој кикс на „кралевите“ го искористи и сега Каталонците имаа „плус осум“ на врвот во Ла Лига. Меѓутоа на натпреварот на Реал Мадрид е забележан и еден рекорд.
Имено, Винисиус Жуниор бил десет пати фаулиран од фудбалерите на Мајорка, додека вкупно домаќините 29 пати ги фалираа противничките фудбалери. Ова е рекорд во шпанската Ла Лига од 2020 година.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Треба да се спомене и дека Винисиус стана најфаулираниот играч на Реал Мадрид во последните 17 години откако се води оваа статистика. Десет пати фаулиран на еден натпревар пред овој дуел беше Иско и тоа против Бетис во 2013 година.
Рекордер во оваа категорија е Густаво Лопез од Селта над кого на натпревар во 2007 година беа направени 12 прекршоци.