Манчестер Сити и Арсенал одиграа 2:2 на стадионот „Етихад“ во дербито од петтото коло од англиската Премиер лига.
Сити поведе со голот на Ерлинг Халанд во деветтата минута, а потоа еден од нивните најдобри играчи Родри мораше да ја напушти играта поради повреда во 21. минута.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Арсенал направи пресврт на крајот од првото полувреме со головите на Рикардо Калафиори и Габриел.
Во судиското надополнување на првото полувреме, лондонскиот клуб остана со десетмина на теренот бидејќи Леандро Тросард доби втор жолт картон.
Сити притисна во вториот дел, а Џон Стоунс постигна гол во 98. минута за реми. Тренерот на домаќините Пеп Гвардиола даде изјава по натпреварот.
„Не знам колку играчи на Арсенал почувствуваа грчеви, но секако дека тоа може да се случи на тежок натпревар.
На крајот го добивме она што го заслуживме“, изјави Гвардиола за Скај Спорт.