Дома Фудбал Шокантна повреда на Тер Штеген. Нема да игра осум месеци

Шокантна повреда на Тер Штеген. Нема да игра осум месеци

Барселона го продолжи перфектниот старт во Примера со фантастична победа од 5:1 на гостувањето кај Виљареал, а по шест кола има максимални 18 бода.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Сепак, од овој натпревар дојде една многу лоша вест за Каталонците и нивниот тренер Ханси Флик.

Неприкосновениот прв голман на Барселона, Марк-Андре тер Штеген се повреди при интервенција на крајот од првото полувреме и беше изнесен од теренот на носилки.

Според првите информации, се работи за тешка повреда на коленото, односно за кинење на пателарната тетива.

Се предвидува дека нема да може да брани осум месеци, што значи дека неговата сезона е завршена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шпанија ја совлада Португалија во „последниот танц“ на Роналдо

Европскиот шампион Шпанија продолжува со настапите за светската титула, откако победи со 1…