Вечерва Американката Џесика Пегула и Белорусинката Арина Сабаленка (26) ќе играат во финалето на УС Опен.
Во полуфиналните натпревари победа остварија шестата носителка Пегула против Чехинката Каролина Мучова, а во мечот претходно втората тенисерка во светот, Белорусинката Сабаленка ја совлада младата американска сензација Ема Наваро.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За триесетгодишната Пегула ова е прво Грен слем финале во кариерата, а Сабаленка по четврти пат се пласираше во финалето на Грен слем. Таа досега двапати го освои Австралија Опен. Ова е втор пат по ред да се најде во финалето на УС Опен каде лани загуби од локалната тенисерка Коко Гауф.
Сабаленка на патот до финалето го забележа најбрзиот форхенд на турнирот во женска и машка конкуренција. Нејзиниот форхенд патувал со просечна брзина од 129 км на час. Ова ја става пред Карлос Алкараз (127 km/h), Јаник Синер (126 km/h) и Новак Ѓоковиќ (122 km/h).