Сабаленка вторпат во кариерата стигна до финалето на УС Опен.
Во првиот вечерен меч Сабаленка беше подобра од домашната тенисерка Ема Наваро со 6:2, 7:6 (7:2). Белорусинката рутински го доби првиот сет, доминираше во сите сегменти од играта.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Американката се разбуди во вториот сеет. Со голема поддршка од трибините таа успеа да стигне до тај-брејк. Но, во 13.гем, Сабаленка покажа поголемо искуство во ваквите моменти и со 7:2 обезбеди пласман во финалето.
Во вториот меч Пегула се мачеше со Мухова и го загуби првиот сет, но Американката стигна до своето прво финале на Грен слем со резултат 1:6, 6:4, 6:2.
Мухова одлично влезе во мечот, лесно стигна до 1:0. Пегула, која во Њујорк дојде со титулата од Торонто и финалето од Синсинати, немаше намера да се предаде. Таа со трпелива игра ја принуди Мухова на грешки и чекор по чекор стигна до победата.
Ова ќе биде реприза на финалето од Синсинати, кое му претходеше на Ју-ес опен, а кое го освои Сабаленка. Женското финале на Ју-ес опен ќе се одигра ноќта меѓу сабота и недела во 1:00 часот по средно-европско време.