Сите натпревари на УС Опен кои се одиграа во попладневната сесија беа прекинати десет минути од бизарна причина.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Во зградата каде што е поставен системот „сокол-око“, односно системот за електронско судење, се огласил аларм за пожар и сите морале да ја напуштат зградата.
Веста стигна до супервизорите на турнирот, а потоа и до судиите на теренот, кои им објаснија на тенисерите дека мора да го прекинат мечот.
Потоа се покажа дека станува збор за лажна тревога, па персоналот кој го одржува системот брзо се врати на своите места и натпреварите продолжија.
UNREAL scenes. pic.twitter.com/pntKWL6t8B
— José Morgado (@josemorgado) September 2, 2024