Дома Останати Погледнете што правеше Ѓоковиќ додека толпата скандираше против ЕУ и Вучиќ

Погледнете што правеше Ѓоковиќ додека толпата скандираше против ЕУ и Вучиќ

Српските олимпијци добија спектакуларен пречек во својата татковина. Домаќин прво им беше претседателот на Србија Александар Вучиќ, а потоа излегоа на балконот, каде насобраната толпа ги пречека. Според информациите на РТС, на пречекот се собрале повеќе од 40.000 луѓе.

„МВП, МВП, МВП“, скандира толпата кога на балконот се појави Никола Јокиќ. Да потсетиме Србија ОИ ги заврши со пет освоени медали.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Големо воодушевување предизвика и Ѓоковиќ, кој доживеа многу вакви дочекувања во Србија, но сега за првпат дома го донесе олимпиското злато. Во еден момент масата навивачи почна да скандира „Рио Тинто, марш од Србија“, при што Ѓоковиќ ја крена тупаницата високо, а видеото можете да го погледнете во продолжение.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

„Идол ми е Новак Ѓоковиќ, сакам да освојам многу Гренд слемови“: На само 17 години тенисер сонува да биде најдобар во свет

Францускиот малолетен тенисер Моисе Куаме направи вистинска сензација по првото коло на ту…