Манчестер Јунајтед би можел да продаде дури седум фудбалери за да собере средства за потенцијални нови засилувања.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Манчестер јунајтед веќе потроши над 100 милиони евра за ангажман на Џошуа Зиркзе и Лени Јоро, а Ерик тен Хаг очекува барем уште три засилувања: десен бек, централен дефанзивец и фудбалер од средниот ред.
Најпрво „црвените ѓаволи“ ќе треба да продадат некои играчи на кои не смета тренерот и така да соберат срества за нови засилувања.
Доколку пристигнат соодветни понуди, клубот можат да го напуштат Виктор Линделоф, Арон Ван Бисака, Кристијан Ериксен, Хари Мегваер, Скот Мектоминеј, Антони и Џејдон Санчо.