Дома Останати Тенис Политички скандал: Еден од најдобрите светски тенисери одби да учествува на Олимписките игри

Политички скандал: Еден од најдобрите светски тенисери одби да учествува на Олимписките игри

Еден од најдобрите светски тенисери во моментов Андреј Рубљев (6. АТП) одби да учествува на Олимписките игри во Париз, што е втор ваков случај во светот на тенисот во последните денови.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Овој 26-годишен Русин не сака да учествува на Олимписките игри бидејќи таму не може да се натпреварува под знамето на својата земја. Таков потег претходно направи и тенисерката Ана Калинскаја, па и двајцата ќе го пропуштат најголемото спортско натпреварување во светот.

На Русите и натаму им е забрането да учествуваат на најголемите спортски настани под знамето на нивната земја поради воена агресија врз Украина, па затоа се регистрирани како неутрални спортисти за Олимпијадата.

За разлика од Рубљов, вториот руски адут за медал во тенис, Даниил Медведев ќе учествува на тенискиот турнир на Олимписките игри и ќе настапи под неутрално знаме.

Олимписките игри во Париз ќе се одржат од 26. јули до 11. август.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Неочекуван инцидент на теренот: Тенисер го навредуваше судијата и кршеше сè пред себе (ВИДЕО)

Американскиот тенисер Тристан Бојер направи сериозен инцидент на челинџерот во Италија, ка…