Чади Ријад е фудбалер кој оваа сезона настапуваше за Бетис и има откупна клазула која ќе биде активирана.
Има и причина зошто Бетис ќе ја плати ослободителната клаузула од 3 милиони, првата е секако квалитетот на младиот фудбалер кој има само 20 години, а втората е затоа што има голем интерес од Кристал Палас.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Англичаните сакаат да го доведат овој дефанзивец и се подготвени, како што пренесува каталонски „Спорт“ за него да платат околу 18 милиони евра, што би значело дека Бетис добро ќе заработи доколку ја активира клаузулата.
Сепак, тоа не се однесува само на условите на Барса, покрај тие 3 милиони, клубот од „Ноу Камп“ има право на 50% од следната продажба, па вкупната сума би можела да порасне на 12 милиони евра.
Да потсетиме, Ријад одигра само два натпревари за Барселона, па така каталонскиот гигант ќе направи одлична зделка.