Во рамките од 26. коло од ПМФЛ Вардар во Маџари успеа да слави над актуелниот шампион и лидер во првенството Струга Трим Лум.
Вардар беше подобар противник денес создаде повеќе прилики преку Омерагиќ и Лемос, а на крајот голот на одлука го постигна Ѓуриќ во 73. минута. Струга се прикажа во бледо издание, па вардарци заслужено славеа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Со овие три бода Вардар ќе излезе од опасната зона и ќе дојде до осмата позиција пред Работнички и Воска Спорт.
За Струга пак од друга страна е добро што и второпласираниот Шкупи денеска претрпе пораз од последнопласираната Брегалница исто така со минимални 1:0. Единствениот гол на овој натпревар го постигна Пепи Ѓорѓиев.
Во останатите натпревари Тиквеш ја победи Брера со 3:1, додека немаше победник на средбите Македонија Ѓорче Петров – Шкендија и Воска Спорт – Работнички. Двата натпревари завршија 1:1.