Дома Останати Авто Мото Хамилтон: За ова можев само да сонувам

Хамилтон: За ова можев само да сонувам

По трката за ГН на Јапонија, Луис Хамилтон, кој стигна до нова победа, изјави дека би можел да сонува само за ваква предност од 59 бодови во однос на второпласираниот Себастијан Фетел.

Хамилтон стигна до заслужена победа и до нови 25 бодови. Веќе на следната трка во САД, Британецот ќе има прилика да си го осигура освојувањето на шампионатот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Имено, ако Британецот дојде до победа, а Фетел не биде пласиран до петтата позиција, или пак, ако биде втор, а возачот на Ферари не заврши подобро од деветтото место. Во суштина Хамилтон е и повеќе од блиску до освојување на шампионатот.

„Искрено можев само да сонувам за ваква предност. Ферари е голем предизвик во текот на целата година“, истакна Хамилтон по што додаде:

„За ваква предност е заслужна целата екипа, одраборија одлична работа. Самодовербата е на ниво и затоа имаме вакви резултати“.

Хамилтон исто така го пофали Ферштапен и Ред Бул кои во последно време возат фантастично.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Како Тајсон се подготвува за борбата со Џејк Пол? Нема ceкс и мариxуана!

Неповторливиот Мајк Тајсон (57) ќе се врати во рингот две години по eгзибицијата со Рој Џо…