Eкипата на Лацио вечерва ја очекува реваншот во Лигата на шампионите против Баерн Минхен, италијанскиот тим од првиот натпревар брани предност од 1:0 и ќе се обидат таа да ја задржат.
Пред натпреварот на стандардната прес-конференција, Маурицио Сари најави како ќе игра неговиот тим.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Мораме да притиснеме и да бидеме решителни. Свесни сме дека ќе биде тешко. Мораме да се жртвуваме и да патиме. Фудбал е и ништо не е возможно. Мораме да влеземе добро во натпреварот, кога сте во оваа фаза нема лесен противник. Баерн е голем тим, ни ќе мораме да дадеме 100%, па и повеќе од тоа, посебно во одбрана за да ги елиминираме. Но, не можеме и да се браниме 100 минути, мораме да одиграме и нешто офанзивно“, изјави Сари.
Ќе потсетиме, во првиот натпревар Лацио победи со голот од пенал кој го постигна Чиро Имобиле. Натпреварот вечерва се игра во стандардниот термин во 21:00 часот.