Дома Фудбал Англија Гвардиола јавно му се извини на фудбалерот на кој му ја уништи самодовербата

Гвардиола јавно му се извини на фудбалерот на кој му ја уништи самодовербата

Во дресот на Лидс, Калвин Филипс играше одлично, но потоа откако се пресели во Манчестер Сити за него започнаа проблемите.

Во јануарскиот преоден рок Филипс направи трансфер во Вест Хем, но ниту тука не е на нивото на кое што се очекуваше да биде. За Манчестер Сити претходно одигра само неколку натпревари, а неодамна откри дека тешко бил погоден од Гвардиола кој му ја срушил самодовербата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На една од прес-конференциите во текот на сезоната Гвардиола изјави дека Филипс бил „дебел“ и таа изјава на шпанскиот стратег влијаела лошо на Филипс.

Сега, Гвардиола одлучи да му се извини.

„Навистина ми е жал, му се извинувам. Разговаравме лично и се обидов да му ја објаснам ситуацијата, не знаев дека така се чувствувам“, изјави Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Роналдо најплатен спортист, заработува двојно повеќе од Меси

Магазинот „Форбс“ ја објави листата на најплатени спортисти на која доминира Кристиано Рон…