Лазар Самарџиќ ова лето беше на чекор од трансфер во Интер, а сега во трката за неговиот потпис се вклучи Милан.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Интер постигна договор со Удинезе за трансфер тежок 20 милиони евра плус еден младински фудбалер, веќе закажа лекарски прегледи, но трансферот пропадна бидејќи агентот побара повисока плата.
Самарџиќ и оваа сезона игра одлично, а сега силен интерес за него покажува Милан. „Росонерите“ веќе направиле првични контакти со Удинезе и работат на трансферот.
Милан сака да ја победи конкуренцијата од Интер и Јувентус и да го договорат трансферот за на лето.