Струмичка Беласица попладнево ја информираше јавноста за ново име во раководството.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Имено, нов потпретседател, односно потпретседателка е именувана Таља Милушева која како што најавува клубот има силни амбиции да ја врати Беласица во врвот на македонскиот фудбал.
Ова е првпат во историјата на струмичкиот клуб, жена да ја извршува оваа функција.
„Со одлука на одборот на ФК Беласица за потпретседател на истоимениот градски фудбалски клуб од денес именувана е Тања Милушева жена од бизнис секторот која што е со силни амбиции ФК Беласица повторно да се врати на врвот во македонскиот фудбал.
За прв пат во македонскиот фудбал Струмица добива жена потпретседател која има земено учество во повеќе хуманитарни акции за социално ранливи категории и донации на медицинска опрема за струмичката болница“, објави ФК Беласица.