Во ПОСЛЕДНИОТ натпревар од групата А на Европското првенство во ракомет во Германија, репрезентацијата на Франција го совлада домаќинот со резултат 33:30 и со тоа го освои првото место во групата, со што ќе пренесе два бода во вториот круг.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Наградата играч на натпреварот против Германците ја понесе легендарниот 39-годишен Никола Карабатиќ, кој постигна четири гола, а најефикасен кај Французите беше Кентин Махе со еден гол повеќе.
Од друга страна, Германците ги предводеше Јури Нор со осум гола.