Дома Останати Ракомет Македонската репрезентација е со најмногу изгубени топки на ЕП

Македонската репрезентација е со најмногу изгубени топки на ЕП

Maкедонската ракометна репрезентација со два може да се каже очекувани порази го започна Европското првенство. Подобри од нас беа селекциите на Франција и домаќинот Германија.

Избраниците на селекторот Кире Лазаров и во двата натпревари немаа никакви шанси, со Франција можеби бевме конкуренти барем еден дел од првото полувреме, додека со Германија од самиот старт беше јасно како ќе се одвиваат работите.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Во голем дел од овие два натпревари игравме со „седум на шест“, стратегија со која би требало да се намалат грешките во нападот, меѓутоа кај нас се случи токму спротивното. Македонија е прва на листата репрезентации со најмногу загубени топки.

На два натпревари Македонија има изгубено дури 46 топки и тоа е во просек 23 по натпревар.

Зад нас се наоѓа селекцијата на Грузија која е дебитант на големите натпреварувања со 37 загубени топки. Грција со која одигравме два контролни натпревари пред првенството е на третото место со 28.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Официјално: Голманот на Вардар ќе брани во Германија

Германскиот тим Постам денеска и официјално го потврди трансферот на голманот на Вардар, М…