Дома Останати Ракомет Ангеловски не е веќе привремен, потпиша перманентен договор со Еурофарм Пелистер

Ангеловски не е веќе привремен, потпиша перманентен договор со Еурофарм Пелистер

РК Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека од денес улогата на тренер во првиот тим целосно му е доверена на Бранислав Ангеловски, така да повеќе нема да ја извршува улогата на привремен, туку на перманентен предводник на екипата.

Тој се обврза на договор до крајот на сезоната и утре од 16:00 часот ќе одржи прозивка за вториот дел од сезоната.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Ангеловски активно ја извршуваше улогата на спортски директор, а по заминувањето на Александар Јовиќ и Звонко Шундовски од тренерската позиција, во ноември и декември минатата година ја водеше екипата на четири натпревари од Лигата на шампионите и неколку натпревари од Суперлигата и Купот на Македонија.

Првиот официјален натпревар во 2024 година Еурофарм Пелистер ќе го одигра против Вардар 1961 во првото коло од плеј-офот на Суперлигата. Првиот европски натпревар е на 14 февруари 2024 година против ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Сара Ристовска ја има вториот најубав гол во третото коло на ЕП (Видео)

Најдобрата македонска ракометарка Сара Ристовска вчера постигна шест погодоци во натпревар…