Дома Фудбал Франција Поминаа 7.000 километри за да изгубат 12:0

Поминаа 7.000 километри за да изгубат 12:0

Викендов во Франција се играа натпревари од 1/32 финалето во Купот на Франција, а многу тимови од прекуокенаски државии земаа учество.

Така помеѓу нив беше и клубот Голден Лајон од островот Мартиник на Карибите. Станува збор за француска прекуморска територија која е сместена на источниот дел од Карипското море, околу 450 км северисточно од брегот на Јужна Америка.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Во купот за противник го добија францускиот прволигаш Лил, а натпреварот се играше во Франција, па така мораа да поминат повеќе од 7.000 километри за на крајот да изгубат со 12:0. За Лил ова беше и највисоката победа во клупската историја.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Франција

Проверете

Победи за фаворитите во денешните натпревари во Лигата на шампионите

Вториот ден од програмата на Лигата на шампионите понуди неколку извонредно интересни натп…