Дома Фудбал Останато Историски ден за фудбалот: Судот пресуди во корист на Перез и Суперлигата – ФИФА и УЕФА ја изгубија битката!

Историски ден за фудбалот: Судот пресуди во корист на Перез и Суперлигата – ФИФА и УЕФА ја изгубија битката!

Судот за правда на Европската унија со седиште во Луксембург донесе одлука во полза на иницијаторите за создавање на Суперлигата.

Оваа одлука во Луксембург денес може да има големо значење за фудбалот во иднина, а за Флорентино Перез кој е главниот иницијатор ова е голема победа против ФИФА и УЕФА.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


„Забранувањето на ФИФА и УЕФА за секој проект за ново клупско натпреварување како што е Суперлигата со санкции и забрана за клубовите и играчите е нелегално“, стои во дел од пресудата донесена утрово.

Оваа одлука зсначи дека Флорентино Перез и сите останати иницијатори за формирање на Суперлига имаат отворен пат без закани за било какви санкции од УЕФА или ФИФА. Единственото нешто кое сега е пред Перез е да убеди доволен број на клубови дека проектот е вистински.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Мбапе повеќе нема да биде капитен на Франција? Л’eкип: Ситуацијата е сложена

КИЛИЈАН МБАПЕ (25) не беше дел од француската репрезентација за натпреварите со Израел и Б…