Навивач на Бока Јуниорс објави дека ќе присуствува на финалето на неговата екипа во Копа Либертадорес кое се игра на 4. ноември против Флуминенсе, но немаше ништо да биде чудно ако овој навивач пеш се упати на местото на одигрувањето.
За овој Аргентинец да стигне до местото на одигрувањето на финалето ќе му бидат потребни 22 дена, ќе треба да помине низ Уругвај и да стигне до Бразил каде што исто така има пат до крајната дестинација.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во овој момент тој е некаде на половина пат до Рио и од време на време објавува видеа на неговиот Инстаграм профил, а стана и популарен, па навивачите го бодрат да издржи во својот подвиг. До крајната дестинација има уште околу 1.400 километри пешачење.
Зборувајќи во едно од своите видеа откри и дека овој предизвик му направил проблеми во приватниот живот.
„Жена ми ме блокираше на Инстаграм и Фејсбук. Кога ќе стигнам во Рио ќе видам што ќе правам со мојот живот. Не знам дали ќе стигнам до целта, но ќе се обидам. Ако треба да ја поминам реката, ќе го сторам тоа, а ако се удавам, нека се удавам“, изјави навивачот во едно од своите видеа.
Финалето во Копа Либертадорес се игра на „Маракан“ во Рио Де Женеиро.
🚶🏻EL HINCHA DE BOCA ESTA LOCO.
— Boca Juniors – La12Tuittera (@la12tuittera) October 19, 2023
🇦🇷🇧🇷 Leandro Fortunato, hincha de Boca Juniors, salió de Buenos Aires y viaja a Río de Janeiro caminando para ver la final de la Copa Libertadores, en el Maracaná. pic.twitter.com/J3KToLtwFn