Во војна секој е губитник, единствениот победник е оној кој не ја ни започнува војната. Да имавме волшебно стапче и само една желба, секој нормален би посакал никаде да нема војна.
За жал, реалноста е поинаква, одвреме-навреме има ново жариште во светот, а оваа сабота стигнуваат вознемирувачки вести од Израел. По нападот на Хамас врз Појасот Газа, премиерот Бенјамин Нетанјаху прогласи воена состојба.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Сите спортски натпревари се веднаш прекинати, а информациите се такви дека спортските клубови дозволиле – поточно се обидуваат да дозволат – странски спортисти да ја напуштат земјата.
Меѓу нив е и поранешниот македонски ракометен репрезентативец Немања Прибак, поранешниот ас на РК Вардар, а моментно играч на Хапоел од Ришон.
– Не е наивно! Порано имаше некои аларми, но сега за првпат се слушнаа ракети, детонации. Ришон е некаде помеѓу Тел Авив и Газа, иако малку поблиску до Тел Авив. Бомба падна можеби помалку од еден километар од мојата зграда. Јас сум во понова зграда, во стан кој има таканаречена „безбедна соба“, со челична завеса и сум релативно помирен.
Всушност спијам во таа соба, има и телевизор, ама нели сега не можеме да излеземе од зградата и да чекаме. Кажано ми е дека нешто повеќе ќе се знае во следните 24 часа – вели 39-годишниот централен бек Прибак за „Моцарт Спорт“.