Дома Останати Кошарка Лука Дончиќ нема дилеми кој е најдобриот кошаркар на сите времиња

Лука Дончиќ нема дилеми кој е најдобриот кошаркар на сите времиња

Далас и Минесота овие денови во Абу Даби играа припремни натпревари пред почетокот на НБА лигата, а Лука Дончиќ секако е еден од кошаркарите кои привлекуваат најголемо внимание.

На една од прес-конференциите новинарите го запрашаа Дончиќ кој за него е најдобар кошаркар на сите времиња.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Словенечкиот кошаркар немаше многу дилеми и експресно одговори: Мајкл Џордан.

Дел од американските медиуми пишуваат дека овој одговор на Дончиќ е мало изненадување бидејќи во текот на целата кариера претходно, асот на Далас не го криеше воодушевувањето кон Леброн Џејмс.

За Лука сепак, како и веројатно за најголем дел од фановите на кошарката прв избор е Џордан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Лејкерс е во проблем – еден од најважните кошаркари одби 90 милиони долари

Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Остин Ривс, одби да го продолжи договорот со оваа франш…