Дома Фудбал Останато Кристоф Галтие пред нов ангажман

Кристоф Галтие пред нов ангажман

Кристоф Галтие е блиску да биде именуван за нов тренер на катарскиот Ал Духаил. Преговорите помеѓу двете се во завршна фаза, објави познатиот Фабрицио Романо.

Аргентинецот, Ернан Креспо беше отпуштен и сега планот на раководството на Ал Духаил е да се доведе Галтие.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Ал Духаил е четврти клуб во катарското првенство со учинок од три победи и по еден пораз и реми. Учествуваат и во азиската Лига на шампиони каде што по две кола имаат еден бод, а сега ги очекува натпревар против Ал Наср на Кристијано Роналдо кој е лидер во групата.

Галтие со ПСЖ успеа дај а освои титулата во Лига 1, но не така доминантно како што се очекуваше. Покрај тоа имаше проблеми да ја контролира соблекувалната преполна со ѕвезди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Повеќе нема трпение: Ѕвездата на Реал Мадрид на трансфер листа!

Како што пренесуваат шпанските медиуми, управата на Реал Мадрид реши во следниот преоден р…