Дома Останати Не сакаше да игра против ривал од Косово, па остана без пласман на голем турнир

Не сакаше да игра против ривал од Косово, па остана без пласман на голем турнир

Eден од најдобрите играчи на е-фудбал во регионот одлучи да се повлече од турнир затоа што не сакаше да игра против Косово, а тој е од Србија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Марко Роксиќ е шампион на Европа во е-фудбал, но сега остана без пласман во главната фаза на турнирот во Ријад затоа што не сакаше да игра против натпреварувач од Косово.

Шансата да игра во Ријад ја изгуби откако се повлече кога дозна против кого треба да игра.

„После долго размислување одлучив да не играм. Никој не играл во ваков натпревар, па не сакав да бидам прв. Останав без директен пласман во Ријад, но тоа е тоа. Би имал да кажам многу работи, но подобро да молчам“, изјави Роксиќ.

Тој во дресот на Србија играше ПЕС и стана шампион на Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

(Видео) Гого Славески го истепа Тељо за нов триумф во БКФЦ

Македонецот Гого Славески забележа нов значаен успех во БКФЦ организацијата (бокс без рака…