Дома Останати Ракомет Објавена вознемирувачка снимка: Екс-хрватски ракометар брутално ја тепа сопругата

Објавена вознемирувачка снимка: Екс-хрватски ракометар брутално ја тепа сопругата

Хрватската јавност денес е шокирана од снимката која во јавноста ја објави поранешната сопруга на екс-ракометарот, Денис Бунтиќ, Клара.

Клара била физички малтретирана од страна на поранешниот ракометар, а во хрватската јавност го бара спасот откако Денис Бунтиќ не доби мерка притвор од судот.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Мојата единствена шанса да останам жива е јавноста. Ме претепа пред деветмесечното дете, го снимив како ме удира и како ми се заканува дека ќе ме убие. Полицијата му пронајде арсенал нелегално оружје. И покрај тоа тој е пуштен за помалку од 48 часа, не му е изречен притвор, само мерка за забрана на приоѓање.

Најмногу се плашам за животот на своето дете. Полицијата и судот не направија ништо за да не заштитат, туку спротивно. Се плашам дека дури сега ќе добие крилја бидејќи ништо не му се случи и нема да застане. Јавноста е нашата единствена заштита“, изјавила Бунтиќ за медиумите.

Ауди снимката претходно беше доставена до судот, а сега и до медиумите. Снимката која предупредуваме е вознемирувачка можете да ја слушнете – тука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Комична сцена во Куманово: Ракометар на Тиквеш го нокаутира судијата!

Ракометниот дуел меѓу Куманово и Тиквеш (27-28) понуди вистинска драма, но овојпат не само…