Дома Тикет на денот Тикет на денот (понеделник, 18.09.2023)

Тикет на денот (понеделник, 18.09.2023)

Денешната понуда е нешто послаба за разлика од викендот, но сепак тоа не значи дека ќе ве оставиме без тикет на денот. Ова е нашиот предлог за денес.

Нотингем Форест – Барнли – 1 @ 2.30 во Mozzart

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Нотингем Форест игра солидно на стартот на првенството, а досега некогашниот шампион на Европа оствари две победи и два порази. Во минатото коло зедоа важни три бода против Челзи каде што победија со минимален резултат од 0-1. Барнли важи за екипата која е кандидат за преселба во понизок ранг, а досега од оваа екипа не видовме буквално ништо. Во моментов се на претпоследното место без ниту еден освен бод. Ние овде веруваме дека домаќините ќе победат и типуваме 1 со квота 2.30 во Mozzart.

Верона – Болоња – 1Х&2+ @ 2.12 во 22Bet

Верона во минатата сезона некако успеа да се спаси од елиминација и тоа после бараж натпревар против Специја каде што ги надиграа и некако успеаа да останат во најквалитетниот ранг од италијанскиот фудбал. Секако и овој пат примарната цел ќе биде опстанок, а во овој момент се наоѓаат на седмото место на табелата. Болоња од друга страна игра над сите очекувања, па оправдано се наоѓаат на 9-то место со четири освоени бодови. Ние сметаме дека Верона ќе останат непоразени на овој натпревар и затоа се одлучивме да типуваме 1Х&2+ со квота 2.12 во 22Bet.

Гранада – Жирона – 3+ @ 1.98 во Bet365

Последниот натпревар од дневниот тикет за денес ни доаѓа од најквалитетниот ранг на шпанскиот фудбал каде што ќе се сретнат екипите на Гранада и Жирона. Гранада после четири изиграни кола забележа катастрофални резултати и како што стојат работите големи се шансите за оваа екипа да се бори за опстанок. Во гости им доаѓа Жирона, тимот кој игра фантастично и може да ги наречеме најпријатно изненадување во досегашниот тек од Ла Лига. Ние овде очекуваме ефикасен дуел и типуваме 3+ со квота 1.98 во Bet365.

ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet365: 9.65

Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тикет на денот

Проверете

Тикет на денот (сабота, 27.06.2026)

Продолжуваат натпреварите од третото коло на овогодинашното издание на Мундијалот, а покра…