Дома Останати Ракомет ЕХФ го суспендираше Начевски на две години

ЕХФ го суспендираше Начевски на две години

Во мај минатава година, ЕХФ го ослободи од обврските Драган Начевски кој долги години беше прв човек на судиската комисија.

Денес Начевски доби суспензија од две години за обид за мито кој не го прифатил. Начевски се најде во центарот на вниманието по снимката која ја објави данската телевизија „ТВ2“.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


На снимката се гледа како наводни кинески бизнисмен му нуди пари за да се наместат натпревари, Начевски го одбива предлогот, но и покрај тоа ЕХФ го суспендираше.

Во своето образложение ЕХФ наведува дека суспензијата е затоа што Начевски се одлучил да го премолчи случајот и не го пријавил кај надлежите органи.

Исто така Начевски е казнет и со 5.000 евра поради прекршување на фундаменталните од правилникот на ЕХФ.

Снимката за која е суспендиран Начевски може да ја погледнете – ТУКА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Алфонсо Дејвис се договори со Реал Мадрид

Реал Мадрид постигнал договор со дефанзивецот на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис, пренесуваат…