Долго се најавуваше, имаше информации дека е се завршено, но на крајот – ништо!
Семејството Глејзер на крајот одлучи да го тргне Манчестер Јунајтед од пазарот и воопшто да не чекаат нови понуди.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Пред девет месеци семејството објави дека клубот е на продажба и како најсериозни кандидати до крајот важеа катарскиот шеик Џасим и британскиот бизнисмен Сер Џим Ретклиф.
Изгледаше дека трката ја добил Катарецот и се најавуваше дека е потребно само официјализација на документите.
На крајот сепак, зделката пропадна. Веднаш по таквата информација акциите на Манчестер Јунајтед на њујоршката берза паднаа од 23.66 долари на 19.35 долари. Главната причина поради откажувањето наводно е тоа што никој не бил спремен да плати шест милијарди долари.