Дома Македонски спорт Мак фудбал Бабунски: Во репрезентацијата има нова енергија

Бабунски: Во репрезентацијата има нова енергија

Македонската фудбалска репрезентација од денеска ги почна подготовките за претстојните два дуели од квалификациите за Европското првенство против Италија и Малта.

Дориан Бабунски, кој пред да пристигне на репрезентативните обврски направи трансфер во швајцарски Грасхоперс, вели дека се чувствува нова енергија во репрезентацијата.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Доаѓаме со нова енергија во националниот тим. Учиме од грешките на последните натпревари и треба да се подобриме во сите аспекти на фудбалската игра. Италија е светска велесила, имаме искуство и повеќето кои сме тука игравме против нив. Ќе дадеме се од себе за да извлечеме позитивен резултат. Фудбалот не познава историја, тука сме да бидеме конкурентни и за да им парираме. Секој од фудбалерите кога доаѓа за репрезентација е подготвен да даде 100 % од можностите. Оваа енергија што ја имаме тука не може да се почувствува во клуб. Ако сме со позитивна мисла и енергија, се надеваме на добро“, истакна Бабунски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Во РК Вардар пристигна засилување – „Mozzart“ нов спонзор на клубот

Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар 1961 во актуелната сезона е лидер во машкат…