Дома Македонски спорт Мак фудбал Mилевски: Немам лични недоразбирања со Ристовски

Mилевски: Немам лични недоразбирања со Ристовски

На денешната прес-конференција на која беше објавен списокот за натпреварите со Италија и Малта селекторот Благоја Милевски доби и прашање за одлуката на Стефан Ристовски да се повлече од репрезентацијата.

Ристовски објави дека се повлекува од репрезентацијата, а како една од причините наведе недоразбирања со селекторот. Милевски од друга страна денес истакна дека нема лични недоразбирања со Ристовски.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Јас имам голема почит не само кон Стефан, туку кон секој репрезентативец и таа почит е на највиоко ниво. Колку го почитувам покажува и мојот пат до Загреб за да разговараме. Моја идеја беше да биде лидер и капитен, јас му ја доделив капитенската лента и тоа ја покажува мојата почит кон него. Имавме конструктивен разговор, имавме различни гледишта и размислувања за одредени теми, но сѐ беше во домен и интерс на тимот и подобрување на тимот.

За жал, Стефан нема да биде со нас и јас ја почитувам неговата одлука. Тоа што се повлече не ја намалува мојата почит кон него. Идинствена замерка е што одлуката ја објави преку социјални мрежи и така дознав, но со него немаме никакви лични недоразбирања“, рече Милевски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Историјата е испишана: Леверкузен влезе во друштво на Јувентус, Милан и Арсенал

Баер Леверкузен денес во последното коло славеше победа од 2:1 против Агусубург и така ост…