Дома Останати Кошарка АСВЕЛ по продолжение го скрши отпорот на Лимож и остана перфектен

АСВЕЛ по продолжение го скрши отпорот на Лимож и остана перфектен

АСВЕЛ стигна до четвртата победа во низа во француското првенство, откако по голема драма го совлада Лимож со 97:94 по продолжение.

Натпреварот се играше во вечер посветена на легендата на домашниот клуб Стефан Островски, а домаќините беа на чекор до големо изненадување.

Д.Џ. Хорн со тројка на 19 секунди до крајот на регуларниот дел избори продолжение, а во дополнителните пет минути Ендрју Албиси донесе водство од 94:93 за Лимож.

Сепак, во самиот финиш Пети Милс беше сигурен од линијата за слободни фрлања и со два поени на 11 секунди до крајот го врати АСВЕЛ во водство. Потоа Џоел Боломбој додаде уште две слободни фрлања, а обидот на Никола Ланг од половина терен не заврши во кошот.

Најефикасен кај победникот беше Нејт Сестина со 19 поени и одличен шут за три поени 5/6. Пети Милс уфрли 14, Џеј Краудер запиша 13 поени и шест скока, Иго Бесон додаде 12, а ТајТај Вашингтон мечот го заврши со 10 поени и шест асистенции.

Кај Лимож, Хорн постигна 17 поени, додека Мамаду Гисе имаше 13 поени, девет скока и пет асистенции.

Резултати од 4. коло:

16 октомври
Стразбур – Роан 72:70

17 октомври
Лимож – АСВЕЛ 94:97 (по продолжение)
Шоле – Шалон 77:86
Нанси – Нантер 80:65
По-Ортез – Сен Кантен 102:89

18 октомври
Гравелин-Данкерк – Дижон (16:00)
Париз – Булозак (16:30)
Ле Ман – Бурк (19:05)

Пласман: Дижон 3-0, АСВЕЛ 4-0, Париз 3-0, Шалон 3-1, Ле Ман 2-1, Роан 2-2, Стразбур 2-2, Шоле 2-2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Ѕвезда оди кај Крка без Одџелеј, Наваро реши да го одмори пред „вечното дерби“

Црвено-белите в недела гостуваат во Ново Место, а Семи Одџелеј останува во Белград. Во сос…