Иако изгледаше како Рома да се откажа од Ромелу Лукаку, сепак изгледа дека во ситуацијата се случил пресврт.
Голем број италијански медиуми пишуваат дека се е договорено и Лукаку прифатил да оди на позајмица во Рома. Белгиецот според информациите се откажал и од дел од платата за римскиот клуб да може да го доведе.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Челзи немаше премногу избор, сакаше да го продаде Лукаку, но кога не дојде ниту една посериозна понуда за откуп на договорот прифатиле и позајмица.
Лукаку наводно лично зборувал со Мурињо кој имаше желба да го доведе во 2017 година додека беше на клупата на Манчестер Јунајтед. Според медиумите во Италија, позајмицата би требало да биде официјалзиирана во наредните два до три дена.