Српската фудбалска јавност денес се израдува на веста дека оваа земја ќе има голман во Премиер лигата и тоа во тимот на Челзи. Младиот голман Ѓорѓе Петровиќ ќе стане најскапиот српски голман во историјата, „Сините“ за него ќе платат 16 милиони евра.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Петровиќ е роден е на 8 октомври 1999 година во Пожаревац и е висок 194 см. Израснал во локалната фдбалска школа Пресинг, како петнаесетгодишник дошол во Чукарички, а четири сезони како сениор мина во тимот од Баново Брдо каде што бранел на 78 натпревари.
Таму соработувал со Оливер Ковачевиќ, кој трипати бранеше за репрезентацијата на Србија и Црна Гора, а Петровиќ истакнува дека Ковачевиќ му е како втор татко. Интересно е што и неговиот вистински татко исто така бил голман.

Минатиот април се пресели во САД и се приклучи на Њу Ингланд Револуција, со кој потпиша тригодишен договор. Со оглед на тоа што сопствениците на Челзи се од Америка, веројатноста и тука е поврзаноста со интересот да го доведат.
Во Њу Ингланд дојде како замена за Мет Тарнер, кој од тој бостонски клуб се пресели исто така во Премиер лигата, во Арсенал, а сега е голман на Нотингем Форест.
Во првата сезона во МЛС беше еден од најдобрите голмани, со неверојатна статистика, па стана член на Ол-стар тимот кој одигра пријателски натпревар со Арсенал.
Understand Djordje Petrović will sign on Wednesday as new Chelsea player — it will be 7 year contract until 2030 🔵🇷🇸
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) August 21, 2023
Told it will include option for one more year, 2031.
$17.5m fixed fee plus $2.2m add-ons to New England Revolution.
Exclusive story & here we go, confirmed. pic.twitter.com/ihe2xOTvzq